Актерот Шон Хатоси (50) не освои Еми на годинашното доделување, но привлече огромно внимание на социјалните мрежи, каде обожавателките го прогласија за „најсекси губитник на Еми“.
Хатоси беше номиниран за најдобар спореден актер во драмска серија за улогата на доктор Џек Абот во хит-серијата „The Pitt“. Иако годинава остана без статуетка, тој веќе има Еми – минатата година беше награден за најдобар гостин-актер во драмска серија.
Популарноста на „The Pitt“ му донесе нова генерација обожаватели, иако Хатоси има кариера подолга од три децении. Познат е и по улогата на Ендрју „Поуп“ Коди во „Animal Kingdom“, како и по серијата „Southland“ и филмовите „The Faculty“, „Alpha Dog“ и „The Cooler“.
Текстот Жените полудеа по 50-годишниот актер: Го прогласија за „најсекси губитник на Еми“ е превземен од МАКФАКС.























