Најголемите ѕвезди од телевизискиот свет се собраа во театарот „Пикок“ во Лос Анџелес во понеделник на 78-то доделување на наградите „Еми“.

Покрај добитниците на најважните телевизиски награди, големо внимание привлекоа и модните изданија од црвениот тепих.

Зендаја, Селена Гомез, Мариска Харгитеј и Никол Кидман беа меѓу ѕвездите кои особено се истакнаа со своите модни избори.

На црвениот тепих доминираа елегантни вечерни фустани, впечатливи силуети и уште неколку смели изданија, а познатите дами избраа креации од некои од најпознатите модни куќи.

Фото: ЕПА

Текстот Доделувањата на „Еми“ беа моден спектакл е превземен од МАКФАКС.