Сидни Свини повторно е главна тема на разговор, а сето тоа благодарение на новата реклама за нејзиниот бренд, SYRN. Овој маркетиншки потег предизвика поделени реакции на интернет.

Сидни Свини долго време ја интригира јавноста – како со своите актерски способности, така и со впечатливиот моден стил.

Не може да се занемарат ниту промотивните кампањи за нејзиниот бренд SYRN, во кои таа е главна ѕвезда. Тие генерално имаат провокативен карактер, често истакнувајќи ги нејзините бујни облини и заводлива појава.

Сепак, таа сега отиде чекор понатаму со тоа што целосно се соблече за реклама на спортската платформа „Novig“. Иако интимните делови од телото ги покри со топки, нејзината намера беше повеќе од очигледна.

„Мислиш дека се разбираш во спорт? Докажи го тоа“, вели Свини.

Видеото беше објавено на официјалниот профил на платформата на Инстаграм и брзо предизвика лавина коментари. Реакциите беа различни, а мислењата на корисниците на социјалните мрежи – поделени.

Додека некои беа видно револтирани, други го пофалија маркетиншкиот потег.

„Добро, престанувам да те следам; фала што ми ја олесни одлуката“, напиша едно лице. Друг корисник на Инстаграм додаде: „Ја продаде душата на обложувалниците. Тоа е баш во твој стил, Сидни“.

Кампањата доби и многу пофалби. „Ова е најдобрата реклама во историјата на спортот и обложувањето“, гласеше еден позитивен коментар. „Ова дефинитивно е твоето најсекси снимање досега“, напиша друг следбеник.

Текстот (Видео) Сидни Свини се соблече потполно, предизвикувајќи гнев во јавноста е превземен од МАКФАКС.