Елегантниот изглед никогаш не излегува од мода – факт што одлично го разбира ќерката на Синди Крафорд. Нејзиното неодамнешно појавување во јавноста предизвика бран реакции ширум светот.

Каја Гербер сигурно чекори кон тоа да стане препознатливо лице во светот на шоу-бизнисот. Таа веќе постигна значителен успех во манекенството, а неодамна зачекори и во светот на глумата. Ќерката на Синди Крафорд дебитираше во серијата „The Shards“, со што ја освои публиката.

Често може да се види на големи настани, а меѓународните фотографи неодамна ја уловија нејзината појава на улиците во Лос Анџелес. Според медиумските извештаи, таа требаше да гостува во емисијата „Jimmy Kimmel Live!“ и за таа пригода избра комбинација што зрачи со чиста елеганција.

Со тоа, таа докажа дека класичните модни парчиња никогаш не излегуваат од мода и остануваат нејзин прв избор за важни настани. Носеше припиен миди-фустан со прав крој, кој ја истакнуваше нејзината витка фигура. Минималистичкиот дизајн вклучуваше суптилен изрез на деколтето, што му даде доза на заводливост на целокупниот изглед.

Комбинацијата ја заокружи со бели чевли со високи потпетици и стилизирана фризура. Додаде и црна чанта за на рамо и очила за сонце – омилен моден додаток меѓу денешните трендсетери.

Текстот (Фото/Видео) Наследничката на Синди Крафорд повторно ја воодушеви јавноста е превземен од МАКФАКС.