Талогот од кафе и белиот оцет, две состојки кои ги има во речиси секоја кујна, може да се искористат за подготовка на домашно средство за чистење тврдокорни наслаги и маснотии.

Талогот од кафе благодарение на зрнестата структура помага при отстранување на наслагите, додека оцетот се користи за отстранување маснотии и бигор. Нивната комбинација може да се употреби за чистење на шпоретот, мијалникот, работните површини, како и загорени тенџериња и тави.

За подготовка се потребни 250 милилитри бел оцет и една супена лажица талог од кафе. По желба може да се додадат една лажица сол и малку детергент за садови.

Состојките се мешаат, а смесата се нанесува на валканата површина. Потоа се поминува со сунѓер и се остава да делува неколку минути, пред површината да се исплакне со топла вода.

Средството особено може да биде корисно за загорени и многу мрсни садови, бидејќи талогот механички ги отстранува наслагите, додека оцетот помага во разградувањето на маснотиите.

Текстот Две состојки од кујната за чистење на тврдокорни маснотии и загорени садови е превземен од МАКФАКС.