Георгина Родригез повторно успеа да го привлече вниманието на светот. Таа носеше креација која брзо стана главна тема на социјалните мрежи.
83-от Филмски фестивал во Венеција започна, а веќе имавме можност да ја видиме парадата на црвениот тепих на познатите ѕвезди.Георгина Родригез не ја пропушти можноста да блесне на овој престижен филмски настан, чија модна комбинација брзо го привлече вниманието на јавноста.
За премиерата на филмот „Mr. Nelson, Did You Kill People?“, од јапонскиот режисер Шиња Цукамото, таа избра смела облека. Нејзината намера, што се однесува до облеката, беше јасна, но проблемот се појави во самата имплементација. Имено, сопругата на Кристијано Роналдо носеше смела облека која беше придружена со длабоко деколте.
Стануваше збор за темно син комплет со здолниште кое даваше впечаток на модерна елеганција. Сепак, длабокото деколте го „зачини“ целиот изглед, бидејќи додаде и доза на сексапил. Го „скрши“ чувството дека можеби избрала деловен стил за пригодата.
Од друга страна, многу модни критичари истакнаа дека Георгина презела голем ризик со оваа комбинација и дека овој стил бил на работ на вулгарност.
Изгледот го надополни со зашилени чевли од Гучи во црна боја, моделот Дона, кој носи редефинирана класична салонка од брендот. Оваа идеја е најзабележителна кај самите чевли, бидејќи тие се многу поизразени и издолжени од класичните.
Изгледот го заокружи со луксузен дијамантски накит – од брендот Шопард, а предимензионираниот чокер кој го нагласуваше нејзиното бујно деколте привлече внимание.
Текстот (Фото/Видео) На работ на вулгарност: Сакаше да биде елегантна, но залудно е превземен од МАКФАКС.














