Веќе имаме модна кралица за есен, тоа е една од најпознатите модели на денешницата, Кендал Џенер.

Кендал Џенер уште еднаш го потврдува својот статус како една од најголемите модни икони на денешницата. Познатата манекенка блесна во новата есенска кампања 2026 за брендот Дона Каран, а фотографиите го носат токму она по што Кендал е позната со години – софистицираност, самодоверба и дискретна елеганција.

Фокусот на кампањата се едноставни, чисти линии и парчиња кои не бараат премногу детали за да остават силен впечаток. Кендал ги носи со леснотија, додека нејзиниот препознатлив изглед и карактеристичната поза дополнително ја нагласуваат луксузната естетика на колекцијата, објавува Fashion Network.

Нејзините долги нозе, витката фигура и впечатливата силуета совршено се вклопуваат со естетиката на брендот Дона Каран, кој со децении се потпира на женствени кроеви, софистицирани парчиња и безвременска мода. Токму затоа кампањата изгледа модерна и класична во исто време.

Кендал претходно докажа дека може да го изнесе речиси секој моден стил, од минималистички комбинации до гламурозни изгледи на црвениот тепих.

Сепак, овој ненаметлив и луксузен изглед е еден од оние во кои моделот особено се издвојува.

Текстот (Фото/Видео) Долги нозе и заводлив поглед: Ова се нејзините најсилни оружја е превземен од МАКФАКС.