Венецискиот филмски фестивал традиционално привлекува големо внимание секоја година, а овој пат Џонатан Бејли се погрижи за тоа кога прошета по црвениот тепих на церемонијата на отворањето.

На црвениот тепих на церемонијата на отворањето на Венецискиот филмски фестивал се појавија некои од најзгодните мажи, сите носеа креации од модната куќа Армани. Меѓу нив беше и Џонатан Бејли, актерот кој минатата година беше прогласен за најсекси маж.

Познато е дека Џонатан е глобален амбасадор на мирисите на Армани, а за оваа пригода носеше посебен смокинг.

Иако беше верен на класичната елеганција, сите погледи ги украдоа неговите панталони, кои беа малку необични по крој.

Бела кошула со набори и лептир-машна дополнително украсија сè, а Бејли беше расположен во текот на целото позирање.

Тој уште еднаш докажа дека ја заслужува титулата најсекси маж што ја доби во 2025 година.

Покрај тоа, Бејли влезе во историјата станувајќи првиот отворено геј маж што ја носи таквата титула.

Во последниве години, тој стана едно од најпрепознатливите британски лица благодарение на улогите во серии и филмови како „Bridgerton“, „Fellow Travelers“, „Wicked“ и „Jurassic World: Rebirt“.

Текстот (Фото/Видео) На никого не му е добро кога најсексипилниот маж ќе прошета по црвениот тепих е превземен од МАКФАКС.