Британската актерка Розамунд Пајк многу се налутила, бидејќи нејзиното тело го фотошопирале на постерот за филм.

42-годишната актерка збеснала откако видела дека на рекламата за филмот „Џони Инглиш“ ѝ ги зголемиле градите, а набрзо потоа постерот бил отстранет.

Profimedia
Profimedia

Пајк не сакаше да молчи, туку јавно проговори за глобалниот проблем. Актерката го осуди средувањето на фотографиите, затоа што, како што вели, тогаш јавноста ја губи реалната слика за тоа како изгледаат славните личности и нивните тела.

Покрај раскошното деколте на постерот, на Пајк ѝ ја смениле и бојата на очите во трејлерот за филмот „Радиоактивна“.

Тие ми ги зголемија градите за постерот за филмот. Мојот лик навистина има импресивни гради на постерот … коишто јас ги немам. Сè уште не знам зошто го направија тоа. Веројатно такви времиња дојдоа, нели? Кога забележав, си реков: „Ох, имам големи гради и кафеави очи“ – рекла Пајк во телевизиска емисија.

EPA-EFE
EPA-EFE/VICKIE FLORES

Таа додала и дека има многу случаи каде што се средуваат и „пеглаат“ фотографиите на познати личности без тие дури и да забележат.

Мислам дека сите губиме малку контрола врз тоа како навистина изгледаме“, рекла Пајк.