Иако во моментов се уште нема масовна имунизација на населението против ковид 19, владата сепак ангажираше агенција за истржаување на јавното мислење кај граѓаните за процесот на вакцинизација. Досега вакцина примија само здравствените работници, преку донацијата на фајзерови ваккцини од Србија. Но и покрај фактот што досега во земјава се обезбедени само 8.000 дози кои беа доволни да се вакцинираат 4.000 лица, владата сепак ќе го мери пулсот на граѓаните за процесот на имунизација кој се најавува од пред Нова Година. Истражувањето треба да го покаже следново:
Ставови и мислења за актуелните политики на владата кои може да влијаат врз темите кои се предмет на истражувањето за кое се реализира јавната набавка.
Подготвеноста на граѓаните да се вакцинираат од ковид – 19.
Мислењето на граѓаните и прифатливоста на видовите вакцини за ковид 19.
Очекувањата на граѓаните за периодот, видот и начинот на имунизација од ковдид 19.
Истражувањето во име на Владата треба да го спроведе агенцијата за истражување на јавното мислење „Индаго“ Скопје за 4.700 евра. Според документите објавени на Бирото за јавни набаки, дговорот почнува со реализација на денот кога е потпишан или на 1 – ви март. Агеницјата има рок од 15 дена да го спроведе истражувањето. Освен за процесот за имунизација на граѓаните, анализа ќе се прави и на процесот на попишување на населението. Истражувањето на јавното мислење треба да и обезбеди на Владата податоци колква е важноста на пописот, мислење за нивното учество во оваа статистичка операција како и граѓански став за методологијата на пребројување на населението.