Хрватската писателка Ведрана Рудан почина на 77-годишна возраст. Веста за нејзината смрт беше објавена на нејзината Фејсбук страница со порака дека „отишла во зона без сигнал“.

Ведрана привлече големо внимание на јавноста во нејзината сатирична колумна од јануари 2024 година насловена „Дали има живот без вампири?“.

Во колумната, таа иронично се осврна на темата за наследството, велејќи дека на децата не треба да им се остава материјално богатство по смртта, туку „долгови и трошоци за погреб“, критикувајќи ја опсесијата на родителите и децата со наследството.

„Одамна напишав дека на децата треба да им се остават долгови и трошоци за погреб по смртта. Никој не ме слуша. Не се слушав ни јас себеси. Во последно време огледувам околу себе и полека, никогаш не е предоцна, учам, учам, учам…“, напиша Рудан во тоа време.

Текстот „По смртта, оставете им долгови и трошоци за погреб“: Ведрана Рудан имаше јасен став за тестаментот е превземен од МАКФАКС.