Педесет и двегодишен жител на Тетово е лишен од слобода по пријава дека му упатувал закани на својот 26-годишен син. Според МВР, полициски службеници од Полициската станица Тетово го лишиле од слобода Ш.И. на 14 август околу 23 часот, на улицата „Илинденска“ во Тетово.
Претходно, неговиот син А.И. пријавил дека татко му му упатувал вербални закани со остар предмет.
Ш.И. бил задржан во полициска станица, а по целосното документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
Текстот Татко му се заканувал на синот со остар предмет е превземен од МАКФАКС.














