Во британскиот кралски двор буквално завладеа вистинска војна меѓу актуелните и поранешни членови на познатото семејство, но и лицата кои и служеле на Меган Маркл и кои одлучија да зборуваат за наводниот мобинг кој го трпеле од страна на сопругата на принцот Хари.
Меган Маркл откри дека Кејт Мидлтон, Камила Паркер и принцот Чарлс се виновни за сите тие приказни кои се пласираат за неа во јавноста сега, но и кога живеела во дворецот, пишува Дејли Мејл.
Овие обвинувања се појавија само неколку дена откако се појави новиот скандал – дека вработените во палатата трпеле терор од страна на поранешната американска актерка.
Нови обвинувања против Меган Маркл дека го малтретирала персоналот во палатата
Палатата најави дека за овој случај ќе спроведе детална истрага.
Меган ги негираше овие обвинувања истакнувајќи дека Бакингамската палата на новинарите им давала лажни информации за неа. Многу детали Меган и Хари изнесоа во интервјуто со Опра Винфри, од кое кралското семејство наводно стравува, особено поради здравствената состојба на принцот Филип, на кој вчера му беше извршена операција на срцето.
Како овие работи ќе се одвиваат понатака и како оваа „војна“ ќе продолжи или заврши, останува да видиме по емитувањето на интервјуто кое Хари и Меган го дадоа за Опра Винфри, а кое ќе биде емитувано на 7 март и кое со нетрпение го очекува целиот свет бидејќи наводно во него тие ќе обелоденат многу вистини за кралството.