Демократски сојуз, ВМРО-НП, ЛДП, Левица и СДСМ поднесоа Предлог законот за измени и дополнувања на Изборниот законик до Собранието. Доколку овој закон биде усвоен тогаш на изборите во 2024-та година во Северна Македонија ќе има само една изборна единица, наместо досегашните шест.

Како што кажа Павле Трајанов од ДС на прес-конференција во Собранието, останува пропорционалниот модел, нема да има изборен праг и пресметката на пратеници ќе се одвива преку Донтовиот количник.

Трајанов верува дека ќе се демонтира еднопартиското владеење во нашата држава, а Собранието ќе биде реален одраз на определбата на граѓаните .

Пратеникот Димитар Апасиев од Левица рече дека ќе ја поддржеле оваа иницијатива без разлика на предлагачот