Шест лица загинаа, а 26 се повредени во тешка сообраќајна несреќа на патот меѓу Терни и Риети, на границата меѓу италијанските региони Лацио и Умбрија.

Според првичната истрага, камперот преминал на спротивната лента и директно се судрил со туристички автобус. Во несреќата учествувале и три автомобили кои не успеале да го избегнат судирот.

Тројца од повредените се во тешка состојба. Во автобусот имало 20 патници кои патувале кон водопадите Марморе.

Меѓу загинатите се возачот на автобусот, брачен пар кој патувал со кампер и уште тројца патници од автобусот.

Обвинителството отвори истрага за причините за несреќата, а истражителите анализираат снимка од камера од едно возило која би можела да помогне во утврдувањето на околностите на судирот.

Текстот Автобус и кампер се судрија во Италија, најмалку шестмина загинаа е превземен од МАКФАКС.