Полицијата трага по 73-годишна државјанка на Словенија, за која е пријавено дека е недостапна откако влегла во државата.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека вчера во 17:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека К.К. (73) од Република Словенија на 1 август влегла во државата преку граничниот премин Табановце, по што не била достапна на телефонските повици.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Текстот МВР трага по жена од Словенија која влегла во државата преку Табановце, и’ се изгубила секаква трага е превземен од МАКФАКС.