Министерството за здравство соопшти дека нема нови лабораториски потврдени случаи на западнонилска треска.
Според информациите од Институтот за јавно здравје, последните примероци од суспектните случаи биле негативни на ПЦР-тестирањето.
Од Министерството информираат и дека на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби нема новопримени пациенти со сомнение за западнонилска треска.
Министерството за здравство наведува дека, во координација со надлежните институции, продолжува внимателно да ја следи состојбата и најавува дека јавноста навремено ќе биде информирана за сите нови релевантни информации.
Текстот Нема нови потврдени случаи на западнонилска треска е превземен од МАКФАКС.





















