Полициски службеници од СВР Велес лишиле од слобода 54-годишен велешанец откако при сечење метален предмет со алат предизвикал пожар на сува трева во близина на Башино Село, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според информациите, настанот се случил на 1 август околу 13:25 часот, кога Д.Б. (54) од Велес, додека сечел метален предмет, од искрите што настанале избувнал пожар на сува трева.
Во пожарот нема повредени лица, а огнот бил изгаснат од самиот Д.Б. и други лица кои се нашле во близина.
За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа на СВР Велес.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот против Д.Б. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Текстот Велешанец приведен откако предизвикал пожар кај Башино Село е превземен од МАКФАКС.















