Мицкоски тврдеше дека е нормално државата да зема пари на заем од јавните претпријатија и дека тоа не значи банкрот, велат од СДСМ.
„Денеска имаме кривични пријави.
Според пријавата, “давањето позајмица на Јавното претпријатие за државни патишта не претставува трошок за маршутни навигациски уреди и служби“.
Со ова дејствие, пријавените ги пренамениле средствата собрани од авиокомпаниите, за цел која е целосно надвор од рамките на ратификуваниот меѓународен договор и директно го прекршиле законот“.
Со давањето на позајмицата, оценуваат во опозициската партија, создаден е вештачки одлив на средства што М-НАВ мора да го прикаже во своите финансиски извештаи.
„При редовната ревизија од Еуроконтрол, овој одлив од 7.000.000 евра ќе биде квалификуван како неприфатлив трошок, бидејќи не е направен за целите дефинирани во Мултилатералната спогодба.
Како резултат, Еуроконтрол ќе изврши финансиска корекција на одобрената тарифа.
Буџетот на М-НАВ ќе биде намален за износот на неправилно потрошените средства“.
Толку за „нормално“.
На лагата и се кратки нозете.
Кој лаже, тој краде. Народот тоа веќе го знае, Ханс Христијане“., додаваат од СДСМ.
Текстот СДСМ: На лагата и се кратки нозете, Христијане е превземен од МАКФАКС.



















