Дваесет и едногодишен штипјанец се здобил со тешки телесни повреди откако паднал од отворен прозорец на автомобил во движење.

Несреќата се случила околу 1:35 часот на крстосницата меѓу улиците „Сремски Фронт“ и „Солидарност“ во Штип. Автомобилот „ауди“ со штипски регистарски ознаки го управувал 22-годишниот Б.С. од Штип.

Повредениот Н.А. (21) бил пренесен во Клиничката болница во Штип, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Текстот Млад штипјанец паднал од прозорец на „ауди“ во движење е превземен од МАКФАКС.