Граѓаните да бидат спокојни, затоа што владините институции преземаат конкретни мерки за стабилизирање на состојбата во Гостивар и процесот на нормализирање на состојбата е при крај, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, на обвинувањата од СДСМ.

„СДС наместо да побара одговорност од своите поставени кадри во Гостивар, се обидува политички да профитира од скандалот со водата, кој кадри на нивната коалиција со ДУИ и Таравари, го создадоа. Во моментов, владините институции активно работат на справување со состојбата и преземаат мерки за нејзино целосно стабилизирање во Гостивар. Бројот на граѓани кои бараат медицинска помош континуирано се намалува, што укажува на подобрување на состојбата. Деновиве се очекува да биде воспоставено редовно и безбедно водоснабдување со технички исправна вода“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо да ги земе предвид овие факти, велат од партијата, СДС во своите дневнополитички настапи пласира неточни и непрецизни информации, користи застарени извештаи и се обидува да создаде чувство на несигурност и паника кај граѓаните, иако состојбата во рекорден рок се стабилизира.

„Дополнително, и покрај нивните тврдења дека водата во Валандово не е безбедна за пиење, вонредните анализи ги демантираа тие наводи. Ова не е првпат СДС да биде демантирана со официјални факти. Сепак, продолжува со ширење лаги и дезинформации, со цел да создаде неоснована загриженост кај јавноста. Наместо да се занимаваат со спинување на информациите и ширење на паника, треба да побараат одговорност од Валбон Лимани. Во коалиција со ДУИ и Таравари штитат градоначалник од нивни редови, кој нема никаков морален компас и кој не се смета за виновен за ситуацијата во Гостивар. Граѓаните да бидат спокојни, затоа што владините институции преземаат конкретни мерки за стабилизирање на состојбата во Гостивар и процесот на нормализирање на состојбата е при крај“, се наведува во реакцијата.

Текстот Деновиве се очекува да биде воспоставено безбедно водоснабдување со технички исправна вода, велат од ВМРО-ДПМНЕ е превземен од МАКФАКС.