Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Најголема фреквенција на возила е забележана на граничниот премин Богородица, каде што за излез од државата се чека околу 30 минути.

На останатите гранични премини од македонска страна засега нема подолги задржувања ниту за влез ниту за излез од државата.

Текстот Гужва на ГП Богородица, за излез се чека до 30 минути е превземен од МАКФАКС.