Времето утре, сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, поизразен во источните делови и долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 28 степени.


ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

За време на викендот времето ќе биде стабилно со мала до умерена облачност. Нови врнежи од дожд проследени со локална нестабилност ќе има во понеделник, а од вторник повторно ќе биде стабилно со пораст на температурите.

Текстот Утре сончево со мала до умерена локална облачност е превземен од МАКФАКС.