Прилепската полиција вчера, три и пол часа по полноќ добила пријава за несреќа со повреден во селото Крушеани.
„Во с.Крушеани, прилепско, 54-годишниот Г.М. од с.Крушеани, управувајќи мотоцикл без регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Прилеп. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР Прилеп, при што било констатирано дека Г.М. е под дејство на алкохол, односно дека има 1,70 промили алкохол во крвта“, соопшти МВР

По целосно документирање на случајот полицијата ќе поднесе пријава против пијаниот возач.

Текстот Пијан возел нерегистриран мотоцикл, излетал од патот, се повредил и завршил во прилепската болница е превземен од МАКФАКС.