Амбасадорот на Република Бугарија во РС Македонија Ангел Ангелов се сретна со министерката за култура на РС Македонија Ирена Стефоска, со која разговараше за можностите за подобрување на соработката во областа на културата и интензивирање на културната размена меѓу двете земји, соопшти Министерството за надворешни работи на Бугарија.

Акцентот во текот на разговорот беше ставен на организирање изложби, одржување на заеднички театарски претстави, обуки од областа на реставрацијата и зачувувањето на културното наследство и други.