СДСМ ја обвини Владата и ВМРО-ДПМНЕ дека поради, како што наведува, институционални пропусти во случајот со загадената вода во Гостивар, последиците сега ги трпат и приватните бизниси.
Партијата посочува дека, според податоците на Агенцијата за храна и ветеринарство, досега се изречени 30 казни и 12 забрани за работа, при што засилените инспекциски контроли продолжуваат.
„Ниту еден од овие луѓе не е виновен. Тие се жртви на туѓа грешка“, наведува СДСМ, додавајќи дека пекарите, угостителите и трговците не ја загадиле водата, но ги сносат последиците.
Во соопштението партијата прави паралела и со, како што наведува, растот на цените на горивата, оценувајќи дека Владата не презела навремени мерки за ублажување на последиците.
СДСМ ја обвинува Владата за економски проблеми, загадената вода во Гостивар и штетите врз приватниот сектор, упатувајќи критики за начинот на кој се справува со кризите.
Текстот СДСМ: Поради загадената вода во Гостивар казнети се бизниси што не се виновни е превземен од МАКФАКС.


















