Времето утре ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 15 литри на метар квадратен). Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер (над 50 километри на час).
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје, променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни. Во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 26 степени.
За време на викендот времето ќе биде стабилно. Нови врнежи од дожд проследени со локална нестабилност ќе има во понеделник, а од вторник повторно ќе биде стабилно со пораст на температурите.
Текстот Утре пороен дожд, грмежи и температури до 27 степени е превземен од МАКФАКС.


















