Венко Менгеле е последниот кој има кредибилитет да говори за здравството во Македонија. Исто така за кризата во Гостивар, наместо прашања и обвинувања кон ВМРО-ДПМНЕ и Владата предводена од претседателот Мицкоски, нека се состане со неговите коалициони другари Ахмети и Таравари и нека побараат одговорност за скандалот во Гостивар директно од градоначалникот Валбон Лимани, изјави Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој додаде дека, Венко и СДС не може да бегаат од одговорност, но не може ни да бегаат од хаосот кој го создадле во здравството.
„Зошто Венко Менгеле нема право да говори за здравствениот систем? Затоа што граѓаните многу добро паметат за: Ковид кризата министер за здравство Венко Филипче, трета земја во светот по процент на смртност; Ковид криза министер за здравство Венко Филипче, наместо вакцини тој договараше провизии од нивната набавка и наместо по 32 долари за вакцина тој сакаше да ги купи со договор за 67 долари; Ковид криза министер за здравство Венко Филипче, наместо заштита на граѓаните и животот на граѓаните, му се запали модуларната болница во Тетово и живи изгореа 14 наши сограѓани, поради анекс за 20%; Му беа обезбедени средства и проект за нов клинички центар, а тој не направи ништо; Во негово време на онкологија се даваше физиолошки раствор наместо лекови за болните од рак. Наместо нови операциони сали, нови апарати, нови болници, тој сакаше да ја турне аферата „Крвави тендери’’ за набавка на тестови и реагенси за крвни анализи вредна 35 милиони евра, која благодарение на ВМРО-ДПМНЕ не се дозволи. Добро го паметиме и Венко Менгеле по тоа што добиваше автомобили од фирми на кои доделуваше тендери со неговиот ментор Заев, го паметиме по становите што ги имаат во Дубаи, како и 40 катницата која Заев ја градел, го паметиме и по журките на Харис Џиновиќ кои чинат стотици илјадници евра, луксузните прошетки во Грција на луксузната јахта на неговиот ментор Заев“, рече Манасиевски.
Текстот Манасиевски: Венко Менгеле е директен виновник за системот во здравството и поддржувач на локалната власт во Гостивар е превземен од МАКФАКС.


















