Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска беше во Кавадарци каде што беше пуштен во употреба реконструираниот Градски базен.

„Повторно сме во Кавадарци. Минатиот пат кога бев тука пред десетина дена почнувавме проект, сега пуштаме во употреба проект. Овој спортско-рекреативен центар мислам дека има регионално значење и е добар, да не речам, одличен. Од целосно запуштен објект, којшто сведочеше на едно лошо време, денеска гледаме како добива смисла и добива содржина и многу сум среќен што можам да видам како нашите најмлади, дечињата уживаат во ова коешто за нив го правиме во суштина“, рече Мицкоски.

Тој кажа дека инвестицискиот бран има за цел да го видоизмени ликот на многу градови, многу населени места во државата.

„Јас сум убеден дека кога сето ова ќе заврши, а знаете не се малце повеќе од 1.200 проекти се, ќе добиеме сосема поинаква Македонија, поразлична од онаа којашто ја наследивме од претходната влада на СДСМ и ДУИ. Така што, ние продолжуваме да работиме и продолжуваме да го исполнуваме ветеното, бидејќи тоа е нашата цел и тоа е нашата задача како политичари“, рече Мицкоски.

Текстот Мицкоски од Кавадарци: Пуштен е во употреба реконструираниот Градски базен е превземен од МАКФАКС.