Докторот Ѓорѓи Јота, кој пред десетина дена беше прегазен од автомобил управуван од малолетник е жив и неговата состојба е подобрена, потврди директорката на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување КАРИЛ, д-р Маја Мојсова.
Во телефонски разговор со порталот Пулс 24 директорката Мојсова вели дека состојбата на д-р Јота е подобрена, но сè уште сериозна и лекувањето продолжува. Апелите се да не се шират лажни вести, бидејќи утрово еден медиум објави информација дека доктор Јота починал.
„Состојбата на д-р Јота е подобрена и тој веќе не е на респираторна машина. Рано е да кажеме било што бидејќи сè уште состојбата е сериозна. Лекувањето продлжува и будно и постојано ја следиме неговата состојба“, ни изјави директорката на КАРИЛ, д-р Мојсова.
Таа вели дека во ваква состојба најмалку што треба е да се шират лажни вести дека д-р Јота починал и апелира медиумите да објавуваат само проверени и официјални информации.