Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов, на прес – конференција информира дека и денеска продолжуваат активностите во Гостивар по скандалот со загадената вода за пиење.
Гостиварци сѐ уште не смеат да ја користат водата ниту за пиење, ниту за миење, ниту , пак, за било што во извршување на секојдневните активности.
Стручни лица на Институтот за јавно здравје земале мостри од водата од резервоарот, од градинки, од јавна чешма во џамија и од други локации за лабораториско тестирање, со цел утврдување на нејзината безбедност.
„За да се спречи поголема опасност за населението од овој регион, АХВ веднаш издаде време забрана за употреба на водата за пиење. Во текот на вчерашниот ден, активностите беа значително проширени, при што инспекциски служби на Агенцијата за храна и ветеринарство земаа дополнителни мостри и тоа од целиот водоснабдителен систем, вклучително и од јавни установи, градинки, угостителски објекти и други кои ја користат водата од овој водоснабдителен систем за пиење и за подготовка на храна. Во рамки на законските овластувања, Агенцијата ќе ги преземе сите неопходни мерки против сите субјекти кај кои ќе се утврдат пропусти или непочитување на законските обврски. Апелираме до граѓаните доследно да ги почитуваат препораките на надлежните здравствени институции и локалните власти во однос на користењето на водата за пиење, се до добивањето на конечните лабораториски резултати и целосното нормализирање на состојбата“, рече Миланов.
Текстот (Видео) Водата во Гостивар сѐ уште не смее да се користи, продолжуваат инспекциите е превземен од МАКФАКС.




















