По зголемувањето на бројот на граѓани кои побараа медицинска помош и по прогласувањето на епидемијата во Гостивар од „Вреди“ велат дека со загриженост ја следат состојбата во овој град.
„Во овие моменти, најважно е да се заштити здравјето на граѓаните, да се обезбеди безбедна вода за пиење и јавноста навремено и точно да биде информирана за секој понатамошен развој.
Ние не останавме со скрстени раце. Преку државните институции, на граѓаните на Гостивар секојдневно им се обезбедуваат 50.000 литри бесплатна вода за пиење, која ќе се дистрибуира на неколку локации во градот сѐ додека се во сила мерките и препораките“.
Очекуваат резултатите од лабораториските анализи да бидат објавени што е можно поскоро, а институциите, како што велат, да продолжат со истрагата сѐ до целосно утврдување на причините.
„Вреди“ ќе продолжи внимателно да ја следи состојбата и да се ангажира граѓаните да ја добијат сета неопходна помош сѐ до целосната нормализација на состојбата, истакнуваат од партијата.
Текстот „Ние не останавме со скрстени раце, здравјето и безбедноста на граѓаните на Гостивар се апсолутен приоритет, велат од „Вреди“ по епидемијата е превземен од МАКФАКС.



















