Времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност.
Попладне наместа ќе има услови за појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 33 до 39 степени, јавува УХМР.
Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе достигне 38 степени.
Текстот Сончево и топло време со температура до 39 степени, попладне услови за дожд е превземен од МАКФАКС.


















