Координаторот на пратеничката група на Алијанса/Алтернатива, Скендер Реџепи изјави дека владата на сила ги донела пратениците од мнозинството да гласаат доверба. Како што вели тој, некои имале и тешки состојби дома, но морале да дојдат да гласаат. Тој воедно порача дека Заев нема доверба во мнозинството, затоа иницирал гласање на доверба, а тоа што немаше дебата по оваа точка, според него власта се плаши од она што би го изнела опозицијата во Собранието.

„Од таа причина ние констатираме дека вчера Владата насилно ги донесе сите пратеници. Жално е што и пратеници кои имале доста тешка домашна ситуација ги донеле во Собрание, што нема ни логика ни човечки елементарни вредности. Од друга страна, го искористија членот од Деловникот за да го злоупотребат правото на опозицијата да си го даде своето мислење за недостатоците на Владата во овие шест месеци, вели Скендер Реџепи.