Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски вели дека со потегот вчера да побара гласање на доверба на Влада, а потоа која беше изгласана од Собранието, Заев само мисли дека купил 90 дена мир. Како што вели тој постои член 92 кој вели дека може повторно да се постави прашањето за доверба на Влада во Собранието, доколку се обезбеди мнозинство од вкупниот број на пратеници.

Зоран Заев исплашен од ВМРО-ДПМНЕ побрза да предложи точка на дневен ред – гласање на доверба на влада и тоа по итна постапка на самата седница, со цел да не може да се дискутира во Собранието за лошите и катастрофалните политики на власта.

Вчера Заев само покажа дека нема доверба во своето мнозинството и својата коалиција и затоа мораше да ги тестира.

Со овој очајнички и паничен потег, Заев мисли дека си купил 90 дена мир, но очигледно не го знае членот 92 став 5 од Уставот на Република Македонија, каде многу јасно и децидно вели, цитирам:

„Повторно прашање за доверба на Владата не може да се постави пред истекот на 90 дена од последното гласање за доверба, ОСВЕН ако прашањето за доверба го постават мнозинството од вкупниот број пратеници“. 

Оттука, му порачуваме на Зоран Заев дека на неговата „купи ден, продај“ евтина и популистичка политика, полека но сигурно и се гледа крајот.

Токму стравот, паниката и слабоста која што власта и Зоран Заев ги покажаа вчера, јасно покажува дека тој не верува ниту во своето мнозинство, ниту пак доволно верува во себе, вели координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Инаку, ВМРО-ДПМНЕ вчера ја напушти собраниската сала кога се гласаше довербата на владата.