Вчера судот го ослободи Никола Груевски во случајот „Талир 2“. Ова не е изненадување. Тоа е уште еден доказ дека правосудството во Македонија е под директна контрола на Христијан Мицкоски и неговата организирана криминална група ВМРО, велат од СДСМ.

Од партијата велат дека Груевски не е ослободен затоа што е невин туку затоа што Христијан Мицкоски го заштитил својот ментор.

„Сè што се случува во правосудството во последните две години покажува дека Мицкоски има целосна контрола врз обвинителството и судовите. Тој јавно дава задачи од собраниската говорница, преку медиуми и преку телефон. Таканареченото „независно“ обвинителство постојано постапува според политичките налози од Белата палата. Кога Мицкоски сака некој да биде заштитен, тој е заштитен. Кога сака некој да биде гонет, тој е гонет. Вчерашната одлука за Груевски е уште една потврда за тоа. Никола Груевски со години е бегалец во Унгарија, под заштита на Виктор Орбан. Денес, благодарение на Христијан Мицкоски, тој добива и судска заштита во Македонија. Сè што Мицкоски правеше изминатиот период, од одбивање да ги испрати документите за екстрадиција, до јавните пораки и притисоци врз институциите, беше насочено кон заштита на својот политички татко и ментор“, велат од СДСМ и додаваат дека прашањето е едноставно: Дали Мицкоски и за овој случај имал „чувство“?

Текстот СДСМ: Ослободувањето на Груевски е уште еден доказ за контролираното правосудство е превземен од МАКФАКС.