Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, присуствуваше на официјалните свечености организирани по повод 14 Јули – Националниот празник на Француската Република, на покана на претседателот на Француската Република, Емануел Макрон.
Присуството на Сали на свеченоста претставува потврда за одличните билатерални односи и силното партнерство меѓу Република Северна Македонија и Француската Република.
По тој повод, министерот Сали упати честитки до францускиот народ, истакнувајќи дека 14 Јули е симбол на слободата, демократијата и европските вредности што ги поврзуваат двете пријателски земји.
Тој изрази благодарност за континуираната поддршка што Франција ѝ ја дава на Република Северна Македонија во процесот на европската интеграција, како и за силното политичко партнерство и билатералната соработка во области од заеднички интерес.
Текстот Сали присуствуваше на официјалните свечености по повод Националниот празник на Франција во Париз е превземен од МАКФАКС.



















