Денеска во Министерството за правда беше извршено примопредавање на министерската функција, при што новоименуваниот министер за правда, Јетон Шасивари, ја презеде должноста од досегашниот министер Игор Филков.
Шасивари истакна дека ќе работи посветено, одговорно и транспарентно, со фокус на унапредување на владеењето на правото, зајакнување на независноста , ефикасноста на правосудниот систем,враќање на довербата на граѓаните во правосудството како и продолжување на реформските процеси во согласност со стратешките определби на Владата и европската агенда на државата.
„Министерството за правда ќе остане отворена и професионална институција, посветена на интересите на граѓаните, владеењето на правото и обезбедувањето ефикасен, праведен и достапен правосуден систем“, порача министерот за правда Јетон Шасивари.
Текстот Јетон Шасивари ја презеде функцијата министер за правда е превземен од МАКФАКС.



















