Власта со ребалансот крати пари кај младите, за да ги пополни дупките во Буџетот од промашените економски политики, реагираат од СДСМ.

„Парите од програмата за млади е скратена за 1 милион денари а за демографски политики се намалени за 70%.

Каква „трета економија“, каква „финансиски стабилна држава“ пари нема за младите.
Додека секој трет човек сака да си замине од земјава, власта уште им намалува пари.

Вака изгледа држава што ја води Мицкоски и неговата криминална организација ВМРО, на која младите не и се приоритет“.

СДСМ, додаваат од опозициската партија, е на страна на младите и со амандмани во Собранието бараме да се исправи оваа неправда.

Бараат 150 милиони денари за зголемување на студентскиот оброк, како мерка за поддршка на стандардот на студентите.

„Бараме 6 милиони денари за зголемување на стипендиите за студентите.

Бараме повеќе пари за реновирање на студентските домови за подобрување на условите.

243 милиони денари за бесплатен училишен оброк во основните училишта.

Повеќе пари за еднаков пристап до образование за учениците со попреченост и посебни образовни потреби“.

Младите, истакнуваат од СДСМ, заслужуваат да учат во современи основни и средни училишта. Затоа имаме посебен амандман за 200 милиони денари за опремување на училиштата со современа научна технологија.

„Со нашите амандмани бараме повеќе пари за финансиска поддршка на ученици на меѓународни натпревари и олимпијади.

Повеќе пари за младите, а помалку за расипничкото трошење на власта.

Сега Власта е на потег, да видиме дали ќе се откаже од луксyзот и дали парите да ги пренамени за младите“.