Христијан Мицкоски се фали дека Македонија имала најниска инфлација во регионот.

Но граѓаните не живеат од статистички извештаи, туку од платите и од тоа што можат да си го купат во маркетите со тие плати, велат од СДСМ.

„Инфлацијата можеби е намалена, но потрошувачката кошница и понатаму тешко се стига. И во овој момент инфлацијата е далеку повисока од тоа што Мицкоски го ветуваше во владината програма и во буџетот за 2026 година.

Цените на основните производи останаа високи, а платите се меѓу најниските во Европа.

Минималната плата во Македонија е далеку под нивото на соседните земји, а просечната плата не е доволна за нормален живот“.

Уште поалармантно, за СДСМ е тоа што странските инвестиции се намалени за над 60% во однос на периодот пред доаѓањето на оваа Влада.

Наместо развој и нови работни места, имаме, додаваат од оваа партија, економска стагнација и бегство на капитал.

„Мицкоски сака да зборува за „економски успеси“, но реалноста е сосема поинаква.

Македонија под негово раководство стана трета економија на празни фрижидери – земја во која се фалат со бројки, а граѓаните се борат да преживеат.

Додека криминална група ВМРО се занимава со пропаганда и селективни статистички податоци, луѓето се соочуваат со се поскап животи, ниски плати и несигурна иднина“.

Ова, според СДСМ, не е успех, туку систематско влошување на економската и социјалната состојба кое се обидуваат да го прикријат со празни фрази.

„Граѓаните не јадат инфлација. Тие го јадат од она што можат да си го дозволат. А во моментов, тоа е се помалку“.

Текстот Македонија под раководство на Мицкоски стана трета економија на празни фрижидери, велат од СДСМ е превземен од МАКФАКС.