Иако е во 36-та недела од бременоста, манекенката Емили Ратајковски на својот инстаграм – профил објави серија фотографии на кои позира потполно гола, гордо истакнувајќи го својот труднички стомак.

И додека полека одбројува до доаѓањето на првото дете, моделот го користи секој момент за да ги одбележи своите денови на бременоста.

Таа инаку е позната по објавувањето голи фотографии на социјалните мрежи, а во последно време докажа дека ништо не е поразлично дури и додека е во благословена состојба.

За помалку од 24 часа, овие фотографии собраа скоро два милиони „лајкови“.

Ова не е прв пат Емили да позира на ова издание, но сега отиде чекор подалеку, а нејзините фанови под фотографиите редеа бројни коментари како таа изгледа божествено и дека бременоста само ја разубавува.