Германија постигна договор со американската влада за набавка на крстосувачки ракети „Томахавк“ и нивно распоредување на германска територија, изјави канцеларот Фридрих Мерц пред пратениците во Берлин.
Мерц рече дека се сретнал со претставници на Вашингтон на маргините на самитот на НАТО во Анкара за да го запечати договорот, додавајќи дека самитот ги надминал сите негови очекувања.
„Со ова, затвораме критична стратешка празнина во нашата одбрана, а во исто време работиме на развој на наши сопствени европски системи и нивно распоредување во Европа“, рече тој.
Судбината на „Томахавк“ ракетите е нејасна откако претседателот Доналд Трамп во мај објави дека ќе го намали американското воено присуство во Германија, што се сметаше за откажување на планот на претходната администрација за распоредување американски баталјон ракети со долг дострел во земјата.
Берлин инсистираше дека овој потег ќе дејствува како силно одвраќање за Русија, додека Европејците развиваат сопствено оружје од овој тип.
фото/Depositphotos
Текстот Германија ќе набави американски ракети „Томахавк“ е превземен од МАКФАКС.












