„Заедничката седница на Владата на Република Северна Македонија со еврокомесарката за проширување, Марта Кос, уште еднаш потврди дека европската интеграција останува стратешки приоритет на државата и дека реформите се спроведуваат во тесно партнерство со Европската Унија“, велат од Влен.
„Учеството на Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, на оваа средба е потврда за посветеноста на ВЛЕН европската агенда да остане во фокусот на институционалното дејствување и да се забрзаат реформските процеси што ја приближуваат државата до Европската Унија.
ВЛЕН е уверена дека процесот на европска интеграција бара континуирана посветеност, одговорно одлучување и спроведување реформи кои носат конкретни придобивки за граѓаните. Затоа, спроведувањето на Реформската агенда и Планот за раст останува еден од нашите главни приоритети, со цел придобивките од овој процес да ги почувствува секој граѓанин преку поефикасни институции, поразвиена економија и подобар животен стандард.
Соработката со Европската комисија ќе продолжи да се зајакнува, а институциите ќе работат одговорно на спроведување на потребните реформи и максимално искористување на можностите што ги нуди Планот за раст.
ВЛЕН ќе продолжи да биде движечка сила на процесот на европска интеграција, покажувајќи дека со работа, одговорност и јасна визија, Северна Македонија сигурно чекори кон полноправно членство во Европската Унија“, соопшти Влен.
Текстот ВЛЕН: Со реформи и силно партнерство, Северна Македонија напредува кон ЕУ е превземен од МАКФАКС.
















