Американскиот претседател, Доналд Трамп, наговести дека САД може да ѝ дадат на Украина дозвола за производство на ракети „Патриот“. Американскиот претседател рече дека „птица му шепнала“ дека се планира таков потег, а предлогот го даде во контекст на дискусија за доцнења во испораката на американските ракети, објави „Скај њуз“.

Во разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски, Трамп рече: „Една од темите за кои ќе разговараме е дека ќе ви дадеме лиценца за производство на ‘Патриот’. Тоа е прилично кул, нели?“ Потоа додаде: „На тој начин нема да можете да се жалите дека не ви даваме доволно од нив. Велам, направете ги сами.“

Американскиот претседател потоа се пошегува дека „сè уште не сме ја информирале компанијата за тоа“. „Сè ќе биде во ред… Сигурен сум дека ќе бидат воодушевени… ќе можат да го направат тоа. Ќе можете да го направите“, рече Трамп.

Иако Трамп не му даде веднаш шанса на Зеленски да одговори, украинскиот претседател подоцна рече дека е „благодарен“ за системите.

 

фото/Depositphotos

Текстот Трамп: Ќе ѝ дадеме на Украина лиценца за производство на ракети „Патриот“ е превземен од МАКФАКС.