Пензионираниот адмирал на американската морнарица Џејмс Ставридис, поранешен врховен командант на НАТО за Европа, во вторник вечерта ги наведе трите опции што му стојат на располагање на претседателот Доналд Трамп по новата воена акција на САД против Иран. Ставридис го објави својот став за ситуацијата на социјалната мрежа Икс и го објасни подетално за време на гостувањето на Си-ен-ен, пишува Њузвик.

„Три опции за Иран“
Првата опција, според Ставридис, е Трамп да „се откаже од сè и да се повлече“, што го оцени како „навистина лоша идеја“. Друга опција е да се започнат „масовни, огромни“ напади врз Иран, а третата е да се „зголемат нападите и да се обидат да се принудат Иранците да се однесуваат посоодветно“.

„Верувам дека ниту една од овие опции не е добра, но клучот ќе биде до кој степен може да изврши вистински притисок врз иранската економија“, додаде Ставридис.

Неговите коментари дојдоа откако американската војска започна нова серија напади врз Иран како одговор на нападите врз трговски бродови во Ормускиот теснец.

Централната команда на САД (CENTCOM) соопшти дека операцијата била насочена кон повеќе од 80 локации. Меѓу целите беа системи за воздушна одбрана, командни и контролни објекти, крајбрежни радарски станици, противбродски ракетни пунктови и десетици бродови управувани од Корпусот на Исламската револуционерна гарда.

Текстот Поранешен американски адмирал: Трамп има три опции за Иран е превземен од МАКФАКС.