Пакистански товарен авион со пет члена на екипажот исчезна над Арапското Море во вторник за време на лет од Обединетите Арапски Емирати до Пакистан, а властите започнаа потрага, јавува агенцијата Анадолија.

Последни снимени моменти
Тарговскиот авион Боинг 737-400 на авиокомпанијата К2 Ервејс бил на лет од Шарџа до Карачи. Според соопштението на Пакистанската аеродромска управа, авионот исчезнал од радарот над Арапското Море, приближно 300 километри западно од Карачи.

„Сепак, во 21:21 часот по локално време, радарот го снимил авионот како нагло се спушта со брза промена на правецот. Кратко потоа, околу 155 наутички милји западно од Карачи, целиот радарски контакт и комуникација со авионот беа изгубени“, се додава во соопштението.

По инцидентот, властите веднаш започнаа координирана, операција за пребарување и спасување на море во која се вклучени повеќе агенции. Операцијата има за цел да го лоцира исчезнатиот авион, за кој беше потврдено дека превезувал пет члена на екипажот.

Текстот Пакистански товарен авион исчезна од радарот над Арапското Море е превземен од МАКФАКС.