Дваесет и двегодишник од скопското село Страхојадица е приведен по пријава дека им се заканувал со пиштол на повеќе лица кај станицата Зелениково, информира МВР.
Според пријавеното, инцидентот се случил на 5 јули околу 21:10 часот, кога В.И.(22), додека бил заедно со 24-годишниот Е.Б., упатувал закани со пиштол кон 41-годишниот И.М. и уште неколку лица.
Во пријавата се наведува и дека Е.Б. физички го нападнал 35-годишниот Н.Н.
В.И. бил приведен следниот ден. Известен е јавен обвинител, а по целосно расчистување и документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
Текстот Приведен 22-годишник, со пиштол им се заканувал на повеќе лица кај Зелениково е превземен од МАКФАКС.















