Без вода утре ќе останат корисниците од улиците „Гемиџиска“ и „Филип Филиповиќ“ во општина Гази Баба, информира Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје.
Според известувањето од ЈП „Водовод и канализација“, прекинот во водоснабдувањето е поради изведување водоводен приклучок со пречник од 100 милиметри на улицата „Гемиџиска“, крак 1 и крак 2.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато утре, 8 јули, од 8:30 часот до завршување на работите.
Текстот Две улици во Гази Баба утре без вода е превземен од МАКФАКС.


















