Новиот албум на Мадона, „Confessions II“, кој излегува на 3 јули, предизвика внимание поради песната „Bizarre“, за која многумина сметаат дека е инспирирана од нејзиниот поранешен сопруг Шон Пен.
Во стиховите пејачката алудира на несигурност, славата и нивниот четиригодишен брак, а споменува и автомобил што наводно му го подарила, како и негов инцидент со несовесно возење.
Ниту Мадона ниту Шон Пен засега не коментирале дали песната навистина се однесува на нивната поранешна врска.
Текстот Мадона во нова песна го прозва поранешниот сопруг Шон Пен е превземен од МАКФАКС.












