Во пукање што се случи денеска во Штаде, Долна Саксонија, Германија, загинаа најмалку пет лица.

Полицијата и службите за итни случаи спроведуваат голема операција во Штаде, град на околу педесет километри од Хамбург. Два хеликоптери кружат околу центарот на градот.

Портпаролот на полицијата потврди дека пет лица се мртви откако биле испукани истрели. „Билд“, повикувајќи се на извори од полицијата, наведува дека сите починати биле возрасни, а неколку се повредени.

Местото на злосторството се наоѓа во непосредна близина на младинскиот центар.

фото/Depositphotos

Текстот (Видео) Пукање во Германија, најмалку пет загинати е превземен од МАКФАКС.